Monday, November 18, 2013

Муември

Краток трилер.
Се будам сабајле, беше некаде околу 11. Тогаш прв пат осетив. Како некоја истегната жила, или подобро - мала жица на пенисот, веднаш под главата. Реков, не е ништо страшно. Се појави брзо, брзо ќе си замине. Ќе одморам некој ден, ќе помине. Времето одминува, жилата стои. Се направи веќе недела и пол, реков ќе проверам на интернет. Знам дека таму има се и сешто, и секогаш ко за беља ја наоѓаш најлошата опција. Секогаш, најлошата болест. И знам, ако најдам лоша информација ќе испаничам и мислите ќе ми се обземат со болести. Не можам тоа да си го дозволам. Не сега кога треба да работам, за да работам*. Ми треба концентрација, не прокастринација. Арно ама, дури си го велама ова, прстите си куцаат на гугл… “Penile forskin problems” чааак ентер! Ништо. Ништо од описот и сликите не одговараше на мојот проблем. Реков, кога веќе тргнав, одам до крај.


Thursday, June 6, 2013

Две години од убиството на Мартин Нешковски: Стоп за бруталноста на државата

Не е чудно што Македонија беше балкански предвесник на протестите против бруталноста на државата и самоволните поскапувања на големите компании. Македонија е една од најнеолиберална земја во Европа. Држава во која се е приватизирано. Македонија е исто така земја на најголемите класни разлики, а со класните разлики доаѓаат и разликите во моќта. Некои елити стекнаа толкава моќ, што ја запоставија демократија, и престанаа да бидат одговорни пред граѓаните. Во разговор со еден панелист, на фестивал во Загреб, добив коментар дека – „Македонија е напред 20 години. Напред во имплементирање на неолиберализмот и во приватизацијата, напред во класните разлики, напред во непочитувањето на демократија. Тоа нас, допрва не чека.“

Saturday, June 1, 2013

Против општествениот цинизам

Отфрлете го конзервативен дискурс дека „промени не се можни“, изразен во форма на „хумористичен“, твитер, цинизам. Таквиот став води кон социјален песимизам. Не е вистина дека Македончето е мирно и кротко. Во нашата нова политичка историја има традиција на револуции, кои неминовно се станати од дел од секојдневната култура. 


Wednesday, April 17, 2013

Државен, приватен број




Три попладне. Ѕвони телефонот. Приватен број.


– Да. 
-Ало Васил? 
– Да, повелете. 
– Овде Родољуб, од внатрешни. Полиција. 
Неколку секунди збунувачка пауза. 
– Да повелете 
– Е добро де, што заќути. Те бараме за овај, Осама, од Сирија. 
– Добро. 
– Ти го покани?
– Да јас, колега од факултетот во Германија.

– Добро бе Васил, зошто во поканата за амбасадата не остави број на телефон? Адресата на поканата ти е грешна. Знаеш колку време те бараме? Една недела ни седи факсот овде во канцеларија. 

- Ама видете, за адресата не сум јас крив. Крива е општината. Неколку пати се обидов да го сменам името на улицата во личната карта. Таа што е пишана таму е 35 години стара адреса, и секогаш кога вадам нова лична карта, општинските работници ми велат дека тоа треба со посебна дозвола. Треба да барам некое одобрение од Општината, па потоа да го поднесам во внатрешни. Тие го сменаа името на улицата, тие ми бараат доказ дека името на улицата е сменето. А, на нотар ми кажаа да пишувам точно така како што е напишано во личната карта.

Saturday, March 9, 2013

Македонија денес


Деновиве привршуваме со анализата на македонската ситуација, или поточно кој доби а кој изгуби во големата економска криза од 2008 до 2012 година. Еве неколку фрапантни податоци: Македонија има најголема класна раслоеност во Европа и бившите Советски републики со џини коефициент 43,2; во последните години најбогатите 20% го зголемиле богатството за 12,2% во однос на останатите класи, па така најниската месечна плата во Македонија е 130 евра, а највисоката 82.590 евра; Македонија има 30,6% невработеност, 55% младинска невработеност и 24% деца кои живеат во семејства без вработени родители. 

Friday, March 1, 2013

Македонија земја на класни разлики




Главниот заклучок од анализата што ја спроведува Левичарското Движење Солидарност е дека класните разлики во Република Македонија постојано се зголемуваат. Малкуте богати стануваа се побогати, а многуте сиромашни стануваат се посиромашни.  Ова е системски проблем!
За да биде јавноста добро информирана, Л.Д. Солидарност направи прес за медиумите. Ви го пренесуваме видео прилогот од телевизија Телма.
Доколку сакате да ги добите пишаните материјали кои беа споделувани со новинарите кликнете тука.

Monday, February 11, 2013

Нова улица на Камен мост





Економската преродба продолжува. Владата на Република Македонија реши да ги даде под концесија двете страни на камениот мост, на онаа фирма која ќе се согласи да изгради дуќани поткренати на два до три антички столба. За оваа цел ќе распише меѓународен тендер. Камениот мост на наредната седница на општината ќе биде преименуван во ’Камена улица’, а дозволите за градба веќе чекаат на одобрување.

Saturday, February 9, 2013

Документарец за The Pirate Bay


’Живееме во револуциониерни времиња, но контрареволуцијата победува!’ – Корнел Вест.
Ќе се најде некој Буш што ќе започне војна против „сајбер тероризам“, па прашање на време е кога ќе падне во вода „единствениот закон“ во општествените науки – либералните демократии не војуваат со други либерални демократии.