Не е чудно што
Македонија беше балкански предвесник на протестите против бруталноста на
државата и самоволните поскапувања на големите компании. Македонија е една од најнеолиберална
земја во Европа. Држава во која се е приватизирано. Македонија е исто така земја на најголемите класни разлики, а со класните разлики доаѓаат и разликите
во моќта. Некои елити стекнаа толкава моќ, што ја запоставија демократија, и
престанаа да бидат одговорни пред граѓаните. Во разговор со еден панелист, на
фестивал во Загреб, добив коментар дека – „Македонија е напред 20 години.
Напред во имплементирање на неолиберализмот и во приватизацијата, напред во
класните разлики, напред во непочитувањето на демократија. Тоа нас, допрва не
чека.“
Обединета Европа за
жал се наметна како неолиберален проект. Истиот тој кој продуцира огромни
разлики. Европа стана место за големите бизниси, банките и корпорациите. Место
каде ризикот од еден вид постојана вонредна состојба каде што државите
едноставно ќе биде управувано од страна на пазарите станува секојдневна
политичка реалност. Во таква ситуација,
они кои го раководат пазарот (корпорациите, банките и нивните политичари), прават
што сакаат: си играат со законите и уставите, арбитрарно ги зголемуваат цените,
инвестираат без никакви пречки, не ја почитуваат демократијата а уште помалку
демократската процедура, и сето тоа под
неолибералниот изговор – натпревар за профит. Тоа се одрази и кај нас.
Македонија под притисокот на функционален пазар, созададе елити со криминален
политички легитимитет. Елити во полза на пазарот и инвестициите. Тоа се случи и во Турција, Грција, Бугарија, Словенија...
Кризата е глобална,
тоа е точно, но она што разочарува кај нас е нашиот одговор на кризата. Наместо
цивилизирана расправа и промена на политичките елити и идеи или создавање на
големи коалиции за излез од кризата, ние добивме вулгарна, недемократска и неодговорна елита,
која, криминално самозаљубена, дава вулгарни, популистички одговори кои носат
до постојана поделба на општеството.
Поминаа две години
од убиството и протестот против бруталноста на државата. Што постигнавме? Неолиберализмот
се зацврстува, државата е побрутална, авторитарната власт и полицијата добиваат
поголемо значење, транспаретноста и одговорноста пред граѓаните се намалува,
приватизација на она малку што остана е на повидок, добивме фалсификувани
избори, сакаат да провлечат закон за медиуми со кој ќе ни го ограничи правото
на говор (интернетот посебно), закон против абортус што директно се меша во индивидуалната
слобода...
Излез? Да
расцепкаме се до најмал детаљ. Критички, да си погледнем што постигнавме? Кои
се добрите а кои лошите страни на нашиот активизам? Дали можеме подобро (?) во
некои ситуации не можеме подобро. Што понатаму? Како понатаму?
Меѓутоа, она што е најпотребно
е напуштање на идеолошките ровови на малкуте граѓанските организации во Македонија. Да започнеме соработка на база на солидарност, инкузивност и
еднаквост. Да соработуваме со „глобалниот отпор“, пред се со нашите другари од Турција,
Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна, Косово, затоа што
на глобални прашања се даваат глобални одговори. И во меѓувреме да си ги тераме
нашите протести, дебати, текстови, критики, сите останати механизми кои ни ги
нуди демократијата. Друго чаре нема. Еден ден ќе ни се трефне, нашата порака ќе
пробие. Еден ден ќе ги победиме „пазарните“ фундаменталисти. До тој ден!
No comments:
Post a Comment