Saturday, June 1, 2013

Против општествениот цинизам

Отфрлете го конзервативен дискурс дека „промени не се можни“, изразен во форма на „хумористичен“, твитер, цинизам. Таквиот став води кон социјален песимизам. Не е вистина дека Македончето е мирно и кротко. Во нашата нова политичка историја има традиција на револуции, кои неминовно се станати од дел од секојдневната култура. 



Ние, левицата, треба да се повикуваме на таа традиција. Можеби живееме во реакционирени времиња, но тоа не значи дека „ние“, самодекларираната левица, треба додатно да го зацврстуваме овој дискурс. Напротив. Нашиот прв чекор треба да биде борба со цинизмот. Сопствениот. Па така индивидуланата промена да донесе општествена, солидарна промена. Промена која ќе дозволи страдањето да зборува. 

За тоа ни треба храброст да размислуваме критички. Да се преиспитуваме. Нашата основна борба треба да биде демократија, демократија, демократија! И не само инструментализирани избори на кои повремено граѓаните ќе се вклучуваат во јавниот живот (често и ова право ни е фалсификувано), туку демократија која ќе ги држи одговорни олигарсите кои ја монополизираа општеството. Дебата, протести, активна јавна сфера -  НЕ СОЦИЈАЛЕН ПЕСИМИЗАМ И ЦИНИЗАМ.


Тоа се случува денес во Турција. Храбро и со жртви, луѓето сакаат да ги држат одговорни политичките олигарси кои мислат дека имаат право да прават што сакаат. 

И да, ова го можеме и ние!

No comments:

Post a Comment