Sunday, September 9, 2012

21 година независна Македонија

Се среќаваат двајца граѓани во кафана. Работници. Едниот од Битола другиот од Скопје. Неколку чашки ефтина ракија и муабетот се отвара.

Граѓанин 1: Шо прајме бе?

Граѓанин 2: Шо да праиме бе, нишо у оваа држава не се менува.

Г1: Знајш, во право си, ама...


Г2: Нема „ама“ бе, не ја бива. Слушам таму некои луѓе протестираат, шо се заебаваат со држава они бе! Ама и не сфаќам, шо ќе сменат?

Г1: Да бе, да, во право си.

Г2: Традиција е у оваа држава луѓето да молчат. Знаеш, од комунизмот ни остана тоа...

Г1: Абе остај то, него ова шо ни ги земат децата...

Г2: Абе децата. Тоа од Турско ни остана, кога ни ги зимаа за Јаничари. Тогаш, слушнав, коа децата ќе пораснеле не ги препознавале родителите. Некои дури се враќале како војници во нивните родни краеви и убивале свои луѓе. За арач мислам. Замисли еј, некои можеби си ги убиле сопствените родителите а не знаеле.

Г1: Ќути, ќути, барем то е сега сменато. Ни ги земат, ама ни ги враќат. Плус, поарно да лепат плакати отколку невработени да се шуткат по улица. Ама од друга страна пак, знајш, жената ми ја ебаја.

Г2: Да бе знам. И мојата. Тоа ти е. Остаток од камено време. Кој е посилен победува.

Г1: Да бе, пак си во право. На овие простори историјата секогаш играла главна улога. Корени се то. Минатото не можи да се заборај. Него ај јас да станам и да си одам. Утре треба да прам списоци и да се јавувам по телефони. Избори се ближат, ми ветија дека ќе ми го вработат детето.

Г2. Ок. И јас си идам. Утре очекувам пак да ми дојдат овие од партија.

Вадат од џеб граѓаните по 150 денари за по три ракии, оставаат на маса и си одат.

Среќна 21но годишнина!

1 comment:

  1. Остаток од камено време. Кој е посилен победува а кој е послаб го ебат у мозоко тоа ти е тоа Проект на владата на Р.Македонија.....

    ReplyDelete