Стриповите не сум ги читал па одам по филмовите. Ги гледав сите и еве шо мислам.
Superman:
Силна индивидуа, средна класа, новинар, работник, хипстер. Високо образован, не е арогантен или вообразен, си работи поштена работа и покрај тоа што со неговите супер моќи може да има се. Значи трудољубив, амбициозен дечко. Иако посвоен и доаѓа од мало гратче / селце има амбиција да стане новинар во големиот град. Скромен и невротичар, Кларк Кент покрај тоа што поседува супер моќи, не сака да се истакнува затоа што е несигурен и постојано се преиспитува. Од гачети би користел смартфон, Киндл и фотоапарат. Во денешен контекст би бил „плаво“ либералче, про ЕУ. Clark Kent, the man!
Batman:
Аристократ, билионер во едно корумпирано општество. Од оние шо се „истурат“ од работа за да имаат пари. Како што Жижек вика за Сорос, преку ноќ со левата рака оправа она што уништил со десната преку ден. Дисциплиниран плејбој кој живее во палата има слуги и користи скапи играчки / гачети додека во неговиот град владее мизерија. Бетмен не го гледа проблемот во системот, туку како и секој билионер, го гледа во ‘лошиот’ нарав и мрзеливоста на луѓето. Помага во апсење на криминалците но го остава системот во истата ситуација што ги создаде тие криминалци. Црнокошуљаш, во политичка теорија би бил фашист. Шо би се рекло, Брус Вејн е дел од проблемот.
Wolverine:
Ти е обичен работник. Море пролетер. Како прав анархист на почетокот живее сам, па оди во заедница на сквотинг. Мрази држава, пошто е експоататорска и експериментира со луѓето. Ама добар дечко, пожртвуван. Секогаш би се ставил на страната на послабите. Веројатно завршил само средно и израснал на улица. Уличната интелегенција го прави силен и самоуверен. Не користи гачети, тоа за него е ко факултет, ама зато кола да ти попраи, сијалица да смени или било шо низ дома....цар. Како прав анархист, нема карактеристични симболи и бои.
Capitan America:
Завршил средно и се пријавил во војска. Неговата љубов кон нацијата е повеќе од видлива. За разлика од Вулверин, Капетан Америка секогаш би се ставил на страна на помоќните. Ја подржува сопствената нација без разлика дали е во право или не, и дозволува да се вршат испитувања врз него се цел да стекне супер моќи за да ја брани нацијата. Неговите симболи, боите на Американското знаме и една петокрака од знамето на неговиот штит.Тој би дошол како еден од овие нашите фудбалски навијачи, облечени во црвено жолти бои и на штитот со лавче. Од гачети не би користел ништо чинам. Можеби некој софистициран пиштол. Ама повеќе го интересираат мускулите, теретана нешто, ова она. Класичен конервативец, патриот/националист, Tee Party fan.
uf!!! neznam od kade da pochnam. dosta losho si gi razbral junacive. mozebi ako se obidesh i gi prochitash stripovite neshto bi ti se razjasnilo. Ova ni na zezanje ne e interesno. Mislam ni kao humor. Ti posakuvam da se zapoznaesh so junacive kao shto treba, super ke ti bide.
ReplyDeleteМоже Мирко, ама филмовите се побитни од стриповите во поглед на влијание. Затоа текстот има наслов „Филмските супер херои и политичката теорија“. Она што видов во филмовите тоа и го напишав.
DeleteЕве, да се задржиме само на филмовите за Супермен, и тоа оние со Кристофер Рив како „класици“.
ReplyDeleteСупермен никако не може да го класифицираш како левичар, дури ни центар-лево. Тој е конзервативец-конформист, штрафче во корпорациската машинерија на капитализмот.
Тој има моќи како Господ (освен што е смртен), а не ги користи за да ги исправи постоечките неправди, туку работи целосно на одржување на затекнатиот политички систем (конзервативност). Понекогаш кога интервенира на ова ниво, тоа е само за приватни цели (во првиот филм се враќа во времето да ја спаси Лоис, а не се враќа на пр. да ги спречи причините за гладот во Африка).
Во повеќето филмови кога се споменува профит, како во првиот кога Лутор сака да ја потопи Калифорнија за да му се дигне цената на неговите недвижнини - земјиштето од пустината, или во третиот кога оној јакион директор на компанија ќе го земе Ричард Прајор да му хакира с’е и сешто за профит, Супермен функционира во рамките на системот, а не ги доведува во прашање односите на моќ кои довеле тие злосторници да се најдат во таква позиција.
Nikoj od pogore navedenite ne ubiva...osven Vulverin....vidi go rabotnicheto :)
ReplyDeleteI ova....SUpermen jes deka e elijen,ama starej,Betmen e coek-starej,Kap e super-vojnik ama starej...site se smrtni osven Vulverin koj zbogzaradi hiling faktorot e praktichno besmrten.
ReplyDelete+Ima uchestvuvano vo bajagi vojni od ko e roden....1 i 2 svetska a i VIetnam....taka da....rabotnikot naivno izgleda ama najgaden e od site nabrojani :)
Mu se naostri na Supermen a? :-) Ama vo pravo si, moja greska e sto go staviv vo evropski kontekst, toa so crveno zname i plava boja - pro EU. Supermen ne e progresiven levicar, samo klasicen socio-demokrat.
ReplyDelete