Thursday, February 18, 2010

Закон за безбедност и здравје при работа - куќен помошник = роб?


Деновиве забрзано ја привршуваме анализата на законите кои регулираат работничка проблематика, меѓу кои и законот за здравје и безбедност при работа. Законите се крш, што да ви кажам. Ај шо не се почитуваат работничките права туку само да видите како се кратат. Од сите закони и сите измени кои ми поминаа преку ум и рака една постојано останува да ме мачи. Во Законот за здравје и безбедност при работа член 2,точка 3, јасно пишува:


(1) Одредбите од овој закон се применуваат во сите дејности на јавниот и приватниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионалните болести според прописите за пензиското, инвалидското и здравственото осигурување и за сите други лица кои се вклучени во работните процеси.
(2) Одредбите од овој закон не се применуваат во дејностите доколку со посебен пропис е регулирана оваа материја (вооружените сили, полицијата, во некои посебни активности на силите за заштита и спасување).
3) Одредбите на овој закон не се применуваат на куќните помошници.
Јас стварно не знам како да ја протолкувам точка 3!?!?
Го листав целиот закон и сите негови измени и постојано барав некакво наговестување дека правата на куќните помошници се регулирани со некој друг закон, акт, пропис, правилник.........било што.......ама ништо. Сто верзии ми поминаа низ глава, дека богатите (и единствените кои можат да најмат куќни помошници),успеале да издејствуваат законот за безбедност и здравје при работа да не важи за нивните “помошници“; дека тој што го донесувал законот имал нешто против куќните помошници; дека тие шо го правеле законот се напушиле со тешки дроги; дека можеби во сите западни држави куќните помошници се третираат како робови (ова како клише изговор); дека Владата во 2007 била тотално луда (да ВМРО факинг ДПМНЕ)!......и уште триста работи. Не, не можам да се одлучам, изгледа ќе да е од се помалку: луда Влада, тешки дроги, лобирање на богати.........а можеби и само моја толкувачка грешка. Ќе читам уште малку ама се дури на одгатнам за мене куќен помошник = роб!

No comments:

Post a Comment