Еве, и јас ќе ја сумирам година и ќе прогласам личности на годината. Според мое гледиште 2009 беше година на жената. Жените кои ме опкружуваа ме мотивираа, насочуваа, учеа, ме подржуваа, па, во нивна чест......
покрај сите жени во моето семејство (тетки, вујни, баби, стрини, братучетки) кој секојдневно ми пружат љубов, поддршка, за личности на годината ги прогласувам .......
1. Љубица Василева
2. Јасмина Василева
3. Ирена Цветковиќ
4. Ивана Драгшиќ
5. ЛЕНКА
Љубица Василева е мојата мајка. Во текот на годината во моето семејство имаше серија на потресни настани па мајка ми беше таа кој истапи и “не носеше на грб“. Покрај тоа, жената е пола со љубов и разбирање бе!
Јасмина Василева е мојата сестра. Од неа ги “украдов“ сите патокази во животот и ако можам да кажам за “Roll model“, тогаш тоа е таа. Уште сега, двете, ги прогласувам за личности на мојот живот :)
Покрај нив мора да ги истакнам и двете мои мили и драги пријателки, кои со својата интелигенција, креативност и отвореност ме инспирираа во текот на целата година, а тоа се: Ирена Цветковиќ бранителот во весниците и Ивана Драгшиќ бранителот на улиците. Првата со своите ставови се покажа како бескомпромисен борец за човековите и малцинските права, за што и веќе е прогласена за една од личностите на годината од еден неделник, а втората, со нејзината креативност, отвореност и посветеност беше организатор/мотор на серија настани во кој се активираат млади луѓе и конечно почнаа да си ги барат своите права и гласно да зборуваат за работи кои ја засегаат нивната околина и општеството во кое живеат.
И конечно, се разбира, Ленка, која не е индивидуа тук организација. Мојата организација:) Како и во 2008, и оваа година Ленка беше промотор на вредности во нашето општество како што се антимилитаризам, антиконзервативизам, антинеолиберализам. Пред нас останува уште многу работа за воспоставување на општество во кое социјалната правда и солидарност ќе бидат основи.
Еве, баш затоа сметам дека ова беше година на жената. Да се надеваме дека и 2010 ќе биде исто така година на жената и женските вредности како: љубов, разбирање, емпатија, компромис, мирољубивост ќе станат доминантен дел од нашето општество.
Епа херои мои, се надевам дека цел живот ќе бидете покрај мене и со вашиот нескротлив дух ќе ме инспирирате за некои мои понатамошни подвизи.
Длабок наклон :)
No comments:
Post a Comment