Friday, February 19, 2010

Македонски пратеници - EPIC FAIL!!!


Пишував претходно дека работам на анализа на законите кои регулираат работничка проблематика и одма ново сознание, ама овој пат за сеир :)
Во законот за вработување на инвалидни лица се носат нови измени и дополнувања во 23.12.2005 и со членот 1 се случува еден парадокс.
Прво Членот 4-а е додаден со измените од 2004 и повторно изменет/избришан во Јули 2005. Истата година се носи пречистен текст на законот во кој членот 4-а го нема, но, нашите пратеници измените кои ги носат во Декември истата година ги носат врз основа на измените од 2004. Во меѓу време изгледа дека заборавиле на измените од 2005.
На јазикот на Твитер ова би дошло #MKprateniciEPICFAIL #MKadministracijaEPICFAIL #MKnvoEPICFAIL.

Thursday, February 18, 2010

Закон за безбедност и здравје при работа - куќен помошник = роб?


Деновиве забрзано ја привршуваме анализата на законите кои регулираат работничка проблематика, меѓу кои и законот за здравје и безбедност при работа. Законите се крш, што да ви кажам. Ај шо не се почитуваат работничките права туку само да видите како се кратат. Од сите закони и сите измени кои ми поминаа преку ум и рака една постојано останува да ме мачи. Во Законот за здравје и безбедност при работа член 2,точка 3, јасно пишува: