Wednesday, April 17, 2013

Државен, приватен број




Три попладне. Ѕвони телефонот. Приватен број.


– Да. 
-Ало Васил? 
– Да, повелете. 
– Овде Родољуб, од внатрешни. Полиција. 
Неколку секунди збунувачка пауза. 
– Да повелете 
– Е добро де, што заќути. Те бараме за овај, Осама, од Сирија. 
– Добро. 
– Ти го покани?
– Да јас, колега од факултетот во Германија.

– Добро бе Васил, зошто во поканата за амбасадата не остави број на телефон? Адресата на поканата ти е грешна. Знаеш колку време те бараме? Една недела ни седи факсот овде во канцеларија. 

- Ама видете, за адресата не сум јас крив. Крива е општината. Неколку пати се обидов да го сменам името на улицата во личната карта. Таа што е пишана таму е 35 години стара адреса, и секогаш кога вадам нова лична карта, општинските работници ми велат дека тоа треба со посебна дозвола. Треба да барам некое одобрение од Општината, па потоа да го поднесам во внатрешни. Тие го сменаа името на улицата, тие ми бараат доказ дека името на улицата е сменето. А, на нотар ми кажаа да пишувам точно така како што е напишано во личната карта.