На 24-ти декември, извршната
власт, непочитувајќи го приниципот на поделба на власта, се вмеша во
законодавната. Уште една демократска придобивка на независна Македонија беше
прегазена. На Македонија и се случи – полиција!
Демократија!
Демократија!
Демократијата е пред се инклузивна. Таа не треба да познава исклучувања. Таа е универзална и го гледа човекот во неговата целина – прво сум човек па потоа левичар, десничар, Македонец, Албанец итн. Демократијата ги вклучува луѓето во јавната сфера без разлика на нивната различност, притоа, на граѓаните им ја дава моќта на дебата и присутност во јавниот живот. Нормативното решение кое го нуди е создавање на моќен граѓанин кој е заштитен со права и е општествено интегриран.