Sunday, September 9, 2012

21 година независна Македонија

Се среќаваат двајца граѓани во кафана. Работници. Едниот од Битола другиот од Скопје. Неколку чашки ефтина ракија и муабетот се отвара.

Граѓанин 1: Шо прајме бе?

Граѓанин 2: Шо да праиме бе, нишо у оваа држава не се менува.

Г1: Знајш, во право си, ама...

Friday, April 27, 2012

ДЕМОКРАТСКА ЛЕКЦИЈА - МЕРКЕЛ ВО ФЛЕНСБУРГ


Вчера, канцеларката Ангела Меркел беше во посета на Фленсбург. Беше во посета затоа што во Германија наскоро ќе има регионални избори. Фленсбург е малку поголем град од Битола а на централниот плоштад, по слободна проценка, едвај 1.000 луѓе. Да биде ситуацијата поинтересна, скоро 50% од нив или беа ‘против’ Меркел или љубопитни студенти како мене.

Monday, April 16, 2012

НАЦИОНАЛИЗАМ ИЛИ ДЕМОКРАТИЈА

Ви пренесувам само еден мал дел од книгата „НАЦИОНАЛИЗАМ ИЛИ ДЕМОКРАТИЈА“ од еден од моите омилени филозофи – Милан Кангрга. За жал не можам да ја преведам цела, поради недостаток на време, но се надевам дека сеуште може да се купи низ книжарниците во Белград. Издадена е во 2002 година од “Izdavacka Knizarnica Zorana Stojanovica : Novi Sad”. За оние кои се заинтересирани.

Sunday, March 25, 2012

Фимските супер херои и политичката теорија

Стриповите не сум ги читал па одам по филмовите. Ги гледав сите и еве шо мислам.

Superman:



Силна индивидуа, средна класа, новинар, работник, хипстер. Високо образован, не е арогантен или вообразен, си работи поштена работа и покрај тоа што со неговите супер моќи може да има се. Значи трудољубив, амбициозен дечко. Иако посвоен и доаѓа од мало гратче / селце има амбиција да стане новинар во големиот град. Скромен и невротичар, Кларк Кент покрај тоа што поседува супер моќи, не сака да се истакнува затоа што е несигурен и постојано се преиспитува. Од гачети би користел смартфон, Киндл и фотоапарат. Во денешен контекст би бил „плаво“ либералче, про ЕУ. Clark Kent, the man!

Tuesday, August 9, 2011

Критика на медиумите и контрола на мислата во неолибералните општества – Македонија



Овој текст го напишав кога бев 3 година на факултет. Интересно е тоа што сега е актуелен повеќе од било кога. Актуелен е затоа што: многу новинари добија отказ од работа без никакво законско објаснување, најголемиот електронски медиум и неколку весници се затворени, многу медиуми и новинари се жалат на притисоци, Македонија е се полошо рангирана од меѓународните тела кои се занимаваат со слобода на говор и медиуми. Текстот малку отстапува од ‘оригиналниот’ затоа што е прилагоден на денешната ситуација. Како и да е, во овој текст сакам да зборувам за контрола на мислата во демократските општества и системот на функционирање на медиумите кој му обезбедува поволна позиција на моќните и богатите. Сите пет филтри се превземани од Едвард Херман и Ноам Чомски и перфектно се вклопуваат и го опишуваат Македонскиот систем на медиуми.