Овој текст го напишав кога бев 3 година на факултет. Интересно е тоа што сега е актуелен повеќе од било кога. Актуелен е затоа што: многу новинари добија отказ од работа без никакво законско објаснување, најголемиот електронски медиум и неколку весници се затворени, многу медиуми и новинари се жалат на притисоци, Македонија е се полошо рангирана од меѓународните тела кои се занимаваат со слобода на говор и медиуми. Текстот малку отстапува од ‘оригиналниот’ затоа што е прилагоден на денешната ситуација. Како и да е, во овој текст сакам да зборувам за контрола на мислата во демократските општества и системот на функционирање на медиумите кој му обезбедува поволна позиција на моќните и богатите. Сите пет филтри се превземани од Едвард Херман и Ноам Чомски и перфектно се вклопуваат и го опишуваат Македонскиот систем на медиуми.
Showing posts with label Theory. Show all posts
Showing posts with label Theory. Show all posts
Tuesday, August 9, 2011
Критика на медиумите и контрола на мислата во неолибералните општества – Македонија
Овој текст го напишав кога бев 3 година на факултет. Интересно е тоа што сега е актуелен повеќе од било кога. Актуелен е затоа што: многу новинари добија отказ од работа без никакво законско објаснување, најголемиот електронски медиум и неколку весници се затворени, многу медиуми и новинари се жалат на притисоци, Македонија е се полошо рангирана од меѓународните тела кои се занимаваат со слобода на говор и медиуми. Текстот малку отстапува од ‘оригиналниот’ затоа што е прилагоден на денешната ситуација. Како и да е, во овој текст сакам да зборувам за контрола на мислата во демократските општества и системот на функционирање на медиумите кој му обезбедува поволна позиција на моќните и богатите. Сите пет филтри се превземани од Едвард Херман и Ноам Чомски и перфектно се вклопуваат и го опишуваат Македонскиот систем на медиуми.Monday, June 20, 2011
Зошто реториката на “младинско движење“ или “младите се бунтуваат“ не води во ќор сокак?
Поради голем потенцијал кој го носи настанатата ситуација и можноста за учење на нова лекција на македонското општество или за чекор понапред во демократизирање, сакам аргументирано да спорам зошто реториката и духот на “младинско движење“ / “независна младинска република“ / “младински протест“ или “младите протестираат“, кој многу често среќавам посебно во традиционалните медиуми, ја дава погрешната слика, а со тоа и насока на движењето.
Thursday, June 16, 2011
Каде се движи протестот и каде се движи општеството?

Поттикнат од случувањата во Македонија, кои постојано ги следам, и од емисијата на радио МОФ, каде за жал фатив неполни 10 минути од целата дебата, може да се забележи дека постојат несогласувања помеѓу демонстрантите па како надворешен набљудувач, со ладна глава, сакав да напишам еден пост со кој се надевам дека ќе придонесам или ќе поттикнам некоја идеја за анализа на моменталната состојба и насоката во која треба да се движи протестот.
Tuesday, October 19, 2010
Кон студентските работи
Читајќи ја најновата вест за студентското радио, не можев а да не се потсетам на времето кога и јас бев студент, и кога со група на студенти за прв пат го кренавме гласот против неправдата, која грубо, во глобални рамки, е наречена „комерцијализација на образованието“. Комерцијализација на образованието во најгруби црти може да се дефинира како: создавање на квантитет на неквалитетно високо образовани луѓе, од образовни институции кои пред се ги интересира профит и трка по пари наспроти создавање на човечки ресурси кои ќе дадат одговор на општествените прашања и проблеми. На кратко кажано, какво образование таков свет/држава/општество. Со таквата комерцијализација на образованието во Македонија не е ни чудно што македонскиот образовен систем одамна нема дадено интелектуалец или научник кој ќе даде одговор на било кој од општествените проблеми (било да е тоа јавен транспорт, здравствен систем, студентски стандард, уметност, мир во светот.....ја сфаќате идејата).
Subscribe to:
Posts (Atom)

