Чаршијата веќе гласно шепоти дека откако притисокот од студентите резултираше со отфрлање на стариот предлог закон за високо образование, Владата разочарана од недоветноста на ректорот одлучи на сите наредни состаноци ректорот Стојковски да не седи веќе на кожните удобни функционерски фотељи, туку на ладен камен, во кошот кај прозорот кој не дихтува и каде нон стоп дува промаја.
За таа потреба веќе е распишан конкурс за камен за седење за кој од буџетот се одвоени 80.000 евра. Каменот најверојатно ќе дојде од блиску, поточно од една скопска пригратска населба на кој мажите со децении имаат традиција да седат на камења пред кооперација и да оговараат за дневна политика и големината на пенисите на наркоманите, циганите, црнците и шиптарите.
....
И покрај тоа што Проф. Др. Стојковски беше осуден каменот постојано да го тркала и носи со себе, во знак на солидарност, неговиот колега, сегашен и иден претседател Иванов, се одважи да го направи најхрабриот потег во неговата политичка кариера и на функционерот да му поклони парцијална амнестија во вид на ВМРО ваучер. Тоа значи дека ректорот не мора на секаде да го носи каменот, туку камења ќе му бидат инсталирани во неговиот мерцедес, неговата работна, спална и дневна соба откаде секогаш ги следи изборните кампањи и фудбалските натпревари на македонската нација.
....
Од постојаното седење на камења кај ректорот веќе се појавија здравствени проблеми, па така тој веќе е виден на еден од зелените пазари, заедно со канцеларијата Апостолски, како купуваат брокулче и компирче затоа што тоа било најдобриот лек против ‘газ кој зборува грчки’, ‘грло кое кашла бугарски’, ‘нос кој тече српски’ и ‘кичма која боли предавнички’.