Saturday, March 9, 2013

Македонија денес


Деновиве привршуваме со анализата на македонската ситуација, или поточно кој доби а кој изгуби во големата економска криза од 2008 до 2012 година. Еве неколку фрапантни податоци: Македонија има најголема класна раслоеност во Европа и бившите Советски републики со џини коефициент 43,2; во последните години најбогатите 20% го зголемиле богатството за 12,2% во однос на останатите класи, па така најниската месечна плата во Македонија е 130 евра, а највисоката 82.590 евра; Македонија има 30,6% невработеност, 55% младинска невработеност и 24% деца кои живеат во семејства без вработени родители. 

Friday, March 1, 2013

Македонија земја на класни разлики




Главниот заклучок од анализата што ја спроведува Левичарското Движење Солидарност е дека класните разлики во Република Македонија постојано се зголемуваат. Малкуте богати стануваа се побогати, а многуте сиромашни стануваат се посиромашни.  Ова е системски проблем!
За да биде јавноста добро информирана, Л.Д. Солидарност направи прес за медиумите. Ви го пренесуваме видео прилогот од телевизија Телма.
Доколку сакате да ги добите пишаните материјали кои беа споделувани со новинарите кликнете тука.

Monday, February 11, 2013

Нова улица на Камен мост





Економската преродба продолжува. Владата на Република Македонија реши да ги даде под концесија двете страни на камениот мост, на онаа фирма која ќе се согласи да изгради дуќани поткренати на два до три антички столба. За оваа цел ќе распише меѓународен тендер. Камениот мост на наредната седница на општината ќе биде преименуван во ’Камена улица’, а дозволите за градба веќе чекаат на одобрување.

Saturday, February 9, 2013

Документарец за The Pirate Bay


’Живееме во револуциониерни времиња, но контрареволуцијата победува!’ – Корнел Вест.
Ќе се најде некој Буш што ќе започне војна против „сајбер тероризам“, па прашање на време е кога ќе падне во вода „единствениот закон“ во општествените науки – либералните демократии не војуваат со други либерални демократии.