Овој текст го напишав кога бев 3 година на факултет. Интересно е тоа што сега е актуелен повеќе од било кога. Актуелен е затоа што: многу новинари добија отказ од работа без никакво законско објаснување, најголемиот електронски медиум и неколку весници се затворени, многу медиуми и новинари се жалат на притисоци, Македонија е се полошо рангирана од меѓународните тела кои се занимаваат со слобода на говор и медиуми. Текстот малку отстапува од ‘оригиналниот’ затоа што е прилагоден на денешната ситуација. Како и да е, во овој текст сакам да зборувам за контрола на мислата во демократските општества и системот на функционирање на медиумите кој му обезбедува поволна позиција на моќните и богатите. Сите пет филтри се превземани од Едвард Херман и Ноам Чомски и перфектно се вклопуваат и го опишуваат Македонскиот систем на медиуми.
Tuesday, August 9, 2011
Sunday, July 3, 2011
Нека Скопје се развива во секоја смисла, провинцијата нека гние – Ф. (акинг) К. (антри) Миравци!
„Провинцијализирање на Скопје“ е еуфемизам и скопско егоцентрично гледиште за - осиромашување на провинцијата.
Во овој текст сакам да зборувам за политичката одлуката - Ф.К Вардар да биде вратен во првата фудбалска лига. Гледам низ сите веб страни и весници и како најрелевантна ја најдов информацијата од Нова Македонија, па така цел текст ќе се базира на тие податоци: дека ФФМ со политикo-правна одлука реши да - Ф.К Вардар (читај Скопје) го купи/спои со Ф.К Миравци (читај провинција) и дека градот Скопје, (Коце Трајановски) и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и со деловен простор ќе даде пари. Останатите клубови, вклучувајќи го и Ф.К Пелистер (читај провинција) ќе испаднат.
Monday, June 20, 2011
Зошто реториката на “младинско движење“ или “младите се бунтуваат“ не води во ќор сокак?
Поради голем потенцијал кој го носи настанатата ситуација и можноста за учење на нова лекција на македонското општество или за чекор понапред во демократизирање, сакам аргументирано да спорам зошто реториката и духот на “младинско движење“ / “независна младинска република“ / “младински протест“ или “младите протестираат“, кој многу често среќавам посебно во традиционалните медиуми, ја дава погрешната слика, а со тоа и насока на движењето.
Thursday, June 16, 2011
Каде се движи протестот и каде се движи општеството?
Поттикнат од случувањата во Македонија, кои постојано ги следам, и од емисијата на радио МОФ, каде за жал фатив неполни 10 минути од целата дебата, може да се забележи дека постојат несогласувања помеѓу демонстрантите па како надворешен набљудувач, со ладна глава, сакав да напишам еден пост со кој се надевам дека ќе придонесам или ќе поттикнам некоја идеја за анализа на моменталната состојба и насоката во која треба да се движи протестот.
Wednesday, March 16, 2011
Претстави, цигари, инспектори, санкции
А ти! Ме слушаш!?
...беше последната реплика од претставата која се одржа “алтернативниот“ простор - кафе “Симбол“, тука, на Широк Сокак, во Битола. Менаџментот на кафе барот одлучил дека кафичот не мора да служи само како место каде што младите ќе се соберат, ќе испијат некој пијачка, ќе зборуваат за коли, кладилници, Пандев, шминки, џет сет и ќе потрошат некој денар од мама и тато или од тешко заработената дневница, туку еве, може просторот да се искористи и како место каде младите уметници ќе зборуваат за проблемите кои ги мачат. Онака, подлабоко. Време е да излеземе малку од секојдневната досада бе! Ете, така одлучивме ние Битолчани, ќе смениме малку! Вака не оди!